Ова е најиритантниот хороскопски знак – ужасно ги нервира останатите луѓе и е тешко злопамтило

Фото: Принтскрин/ТикТок

Дали знаете кој хороскопски знак ја носи „ласкавата“ титула „најиритантен“…?

Тоа е – Девицата!

Девиците важат за педантни, темелни и често комплицирани личности…

Иако и другите знаци имаат особини кои на многумина не им се допаѓаат, очигледно е дека потребата на Девицата да ги искомплицира и наједноставните работи на светот ги надминува сите маани на останатите хороскопски знаци.

Речиси и да нема личност која кога ќе се спомене Девица нема да искоментира дека „никогаш не сретнале покомплицирана личност“ или „дека со нив е баш тешко да се соработува“.

Девиците се многу аналитични, до толку што тоа се граничи со секое претерување, а при донесувањето одлуки мора да бидат запознаени и со најситните детали. Тие не попуштаат, критични се, слабо толерантни и премногу се грижат за речиси секоја работа. Се покажало дека токму тие особини се она што останатите хороскопски знаци го сметаат за иритантно и неподносливо, па затоа Девиците го добиле прекарот – „иритантни“.

Познати се како ситничари кои сакаат сè да им биде во совршен ред и само онака како што тие го замислите, затоа што сè што отстапува од нивната визија за работите – е неприфатливо.

А, ако се случи на некој начин да им замерите или да им направите нешто лошо, бидете сигурни дека тоа никогаш, баш никогаш нема да го заборават и ќе ја искористат секоја можност да ве потсетат на тоа што сте им го направиле, па дури и по 100 години. Така што ниту простувањето не им е силна страна…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот