Министерството за внатрешни работи/ Фото: МИА

Отворен „Сејф сити“ шалтер за промена на податоците на возачите, а МВР создаде и имејл за поплаки и забелешки за системот

Oд Министерството за внатрешни работи информираат дека од денеска во зградата на МРТ се отвора посебен „Сејф сити“ шалтер каде што граѓаните ќе можат да ги ажурираат или променат своите контакт-информации кои ги доставиле при регистрација на возилата, а исто така доколку граѓаните имаат забелешки или нејаснотии со системот, тие веќе можат да ги поднесат на новокреираната електронска пошта на Министерството.

„Од денеска (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот граѓаните ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР“, велат од Министерството.

Сите доставени забелешки на електронска пошта [email protected] ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните, велат од МВР.

МВР отвора пункт и онлајн платформа за пријавување грешни сообраќајни казни и опомени

Шалтерот за промена на контакт-информациите е сместен во Одделот за граѓански работи во зградата на МРТ и ќе биде отворен секој работен ден од 8:00 до 17:00 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот