Отворен е повикот за учество на интернационалниот етнографски филмски фестивал во Битола

Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“, Битола 2023, објави повик за учество на годинашното издание на фестивалот, кое ќе се одржи од 18 до 23 јули во рамките на „Илинденски денови“ во Битола.

– Покрај високиот кинематографски квалитет на филмовите, при селекцијата се водиме и од нивниот капацитет да пренесат важни пораки, што го оправдува нивниот избор. Се надеваме дека нашата програма ќе успее да ја привлече и изненади публиката на фестивалот, бидејќи тоа се силни филмови, кои можат да нѐ изненадат, вознемират, разнежнат, радуваат, да нѐ испровоцираат да размислуваме, да ни го сменат погледот, да ни се спротивстават, затоа по секоја проекција ќе можеме да размениме мислења за секој од филмовите – посочуваат организаторите на фестивалот.

Крајниот рок за пријавување на филмовите е до 18 јуни. Според правилата и условите за поднесување на филмовите, филмскиот дел од Фестивалот „Илинденски денови“ нуди ексклузивност на авторскиот етнографски филм; Делото мора да е произведено по 1 декември 2020 година; Веќе одбиените филмови – дела од фестивалот не може повторно да се пријават – поднесат.

Во однос на времетраењето Фестивалот прифаќа пријавување – поднесување на следните видови филмови – дела: кратки (0-30 минути), средни (31-60 минути) и долгометражни филмови (61 минута и повеќе); Се прифаќа секаков тип на етнографска тема, освен пропагандните, сексуалните или дискриминаторските филмови по било која основа, кои ќе бидат одбиени; Филмовите се прикажуваат на оригинален јазик, титлувани на македонски јазик; Ако оригиналниот јазик не е македонски, француски, англиски, ниту руски, филмот – делото мора да биде пропратено со дијалог листа на титлови со тајм кодови на француски или англиски јазик.

Организацијата на фестивалот е целосно доброволна, не е потребна такса за поднесување на филмовите, а проекциите бесплатни. Исто така, не е предвиден надоместок за прикажување на филмовите, со оглед на тоа што пријавувањето – поднесувањето за учество е бесплатно, известија од Интернационален етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“, Битола 2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот