ОТКРИЕНО ЗОШТО БРАТОТ НА ЈОКИЌ ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКА МУ: Кога му кажала, тој „збеснал“ и ја нападнал!

Страхиња Јокиќ (десно) Фото: Принтскрин/ Denver Nuggets

Скандалот кој го направи постариот брат на српскиот кошаркар Никола Јокиќ, Страхиња Јокиќ, не прекинува да го привлекува вниманието на американските, но и на европските медиуми, објави „Курир.рс“.

Најстариот брат на еден од најдобрите играчи на позицијата центар во НБА-лигата пред неколку дена поради напад на својата девојка е уапсен, откако таа рекла дека ја задушувал и тепал.

Страхиња Јокиќ е приведен, а потоа пуштен од притвор, а она што американските медиуми сега се обидуваат да го дознаат е причината за неговото насилно однесување кон неговата девојка.

Бранислав Јокиќ, таткото на браќата Никола и Страхиња, веднаш се огласи, навестувајќи дека тоа било само брачна расправа, но „Њујорк пост“ сега објави сопствени информации дека нападот бил предизвикан при разговор за поранешни партнери на девојката, односно за нејзиното љубовно минато.

Според пишувањата, Страхиња Јокиќ додека бил со својата девојка и започнал разговор за тоа со кои и со колку мажи таа се забавувала пред да биде со него. Партнерката првенствено не сакала да му каже, но по неговото инситирање, ја открила бројката. На братот на НБА-ѕвездата не му се допаднал одговорот, и започнал да ја задушува со рацете околу вратот.

Потоа, таа се обидела да побара помош на телефон, но Страхиња не и дозволил. Во еден момент успеала да побегне и во собата преку компјутер да испрати порака до свој пријател, кој повикал полиција, пренесува „Њујорк пост“.

За овој напад, доколку е прогласен за виновен, најстариот од браќата Јокиќ би можел да заврши и во затвор, поради тоа што за ова дело се предвидува казна од 5 до 16 години затвор.

Страхиња претходно поради своето однесување на утакмиците на Денвер нагетс, но и поради „опасниот“ имиџ, во американските медиуми стекна репутација на лошо и проблематично момче со кратко трпение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот