Откриено што кријат новооткриените саркофази во Египет! (ВИДЕО)

Фото: EPA

Египетското министерство за антиквитети објави детали за древните саркофази кои неодамна беа откриени во јужниот град Луксор.

Мустафа Вазири, генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети, истакнал за новинарите дека ковчезите со натписи и слики се пронајдени во некрополата Асасиф на западниот брег на реката Нил, во близина на Луксор.

Тој додал дека саркофазите биле наменети за мажи, жени и деца од 22-рата династија (945-715 година п.н.е), а еден свештеник ги открил и сокрил поради страв да не бидат ограбени.

Ковчезите биле наредени во два реда, а горниот ред бил попречно поставен во однос на долниот.

Египет сака да го привлече вниманието на јавноста со своите археолошки откритија во надеж дека ќе го заживеат туристичкиот сектор, кој е тешко погоден со немирите кои се случуваат по промената на власта во 2011 година.

Повеќето гробници во Асасиф, кој се наоѓа во близина на Долината на кралевите, потекнуваат од доцниот период на стар Египет.

Во Долината на кралевите се најдени гробници на познати фараони како Ахмосе, Тутмосис, Аменхотеп, Екнатон и Тутанкамон.

Минатата седмица, министерството за антиквитети објави дека археолозите откриле „индустриска област“ во западната долина на Луксор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот