НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Египетските археолози пронашле 20 саркофази (ФОТО)
Археолозите во близина на градот Луксор пронашле повеќе од 20 дрвени ковчези, пренесува Би-Би-Си.
Препорачано
Саркофазите со се уште видливи живописни бои биле откриени во некрополата Асасиф, сместена кај западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг.

Египетското министерство за антиквитети го нарече ова откритие „едно од најголемите и најважни“ во последните неколку години.
Повеќето гробници во некрополата Асасиф потекнуваат од доцниот период (664-332 години п.н.е) од антички Египет.

Меѓутоа, таму се наоѓаат и ковчези од раната 18-та династија (1550-1229 п.н.е), кои им припаѓале на познати фараони како Хатшепсут, Аменхотеп Трети и Тутанкамон.
Министерот за антиквитети минатата недела објави дека археолозите откриле античко „индустриско подрачје“ во западната долина на Луксор во која биле сместени „објекти за складирање и чистење на опрема за погреб“.
Министерството ќе објави повеќе детали за ова неверојатно откритие на прес-конференција во сабота.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


