33.8 C
Скопје

Откриени дрвокрадци среде полициски час

Групата дрвокрадци е откриена вчера на врв на планината Беласица во местото „Свидовска крстосница”.

Група дрвокрадци е откриена вчера на врв на планината Беласица во местото „Свидовска крстосница”, каде на две различни локации на оддалеченост од неколку стотина метри вршеле недозволена сеча на шумата, информираат од струмичката Шумска полиција.

– За време на контролата дел од групата побегнала, додека две лица се фатени и против нив се поднесени кривични пријави. Од страна на шумските полицајци одземени се и околу 15 кубни метри дабово дрво, се додава во информацијата.

Од Шумската полиција откриваат дека дрвокрадството е зачестено, посебно откако почнала примената на посебните мерки за движење поради пандемијата со коронавирусот. За околу еден месец полицијата поднела 20 прекршочни пријави, одземени се неколку возила и поголема количина дрвна маса.

Од Шумската полиција најавуваат интензивни контроли и во наредниот период и ги предупредуваат граѓаните дека секој што ќе биде фатен во нелегална сеча ќе биде санкциониран.

Поврзани вести

Тетовец телефонски барал пари од српски државјани за наводни сообраќајки во кои загинале нивни блиски

Во Скопје вчера казнети 241 возачи

Слободен печат

106 санкционирани возачи во Сарај

Слободен печат

Тешка сообраќајка кај „Скопјанка“ утринава- се судрија комбе и автомобил

Слободен печат

Осуммина Турци натепале тројца во Центар

Слободен печат

Во Аеродром гореше „пасат“

Слободен печат

Остави Коментар