Откриена вакцина против два најсмртоносни карциноми на светот

вакцинација илустрација
Фото: EPA-EFE

Научниците од компанијата „Elicio Therapeutics“ произведоа вакцина која може да помогне во спречување на два најсмртоносни видови на рак во светот – на дебелото црево и на панкреасот.

Преку првите истражувања на луѓе, откриено е дека оваа вакцина против рак го намалува ризикот од рецидив (враќање на болеста) кај 100 отсто од пациентите на кои им бил отстранет туморот, но се уште во крвта имаат туморски маркери.

„Иако се потребни многу поопсежни студии за да се потврди ефикасноста на лекот, оваа вакцина против рак може да ја зголеми стапката на преживување кај ракот на дебелото црево и на панкреасот“, изјавија научниците за „Дејли мејл“.

Стапката на преживување во овој момент по пет години изнесува само 12,5 отсто кај ракот на панкреасот или 63 отсто кај ракот на дебелото црево.

Позитивната страна е што, за разлика од другите експериментални вакцини против рак во развој, оваа не мора да биде прилагодена на секој пациент, што ја прави подостапна и поевтина.

Што се однесува до самите тестови, тие биле спроведени на 25 пациенти кои имале рак на панкреасот или рак на дебелото црево.

На сите хируршки им биле отстранети туморите, но се уште во крвта имале биомаркери за рак, што доведува до висок ризик за враќање на болеста.

„Тоа е периодот во кој личноста која, за жал, не е излекувана има во својот организам најмала количина на рак“, рекол Паштун Каси, директор на истражувањето за рак на дебелото црево на американскиот факултет Веил Корнел Медисин.

Во вакцината се користат два пептиди, G12D и G12R. Тие се врзуваат за албумин, протеин во телото кој ги пренесува масните киселини до лимфните јазли.

Албуминот и помага на вакцината да патува директно до лимфните јазли, каде што го активира имунолошкиот систем.

Ова е различно од другите пептидни вакцини, наведува Каси, бидејќи слични вакцини имаат обиколен пат, што значи дека тие патуваат до органи на кои не им се потребни и притоа се деградираат.

Во текот на лекувањето вакцината против ракот се инјектира и во двете раце и нозе, односно се даваат вкупно четири инјекции неделно во период од четири недели.

Пациентите продолжиле со овој процес секоја втора недела во текот на две недели, а потоа паузирале пред да започнат со тримесечна последователна вакцинација. Фазата на последователната вакцинација е неопходна бидејќи по одредено време слабее имунолошкиот одговор на вакцината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот