Откриена радикална ќелија во Скопје – спремале одмазда за своите браќа
Откриени се тројца приврзаници на Исламската држава кои спремале одмазда на своите браќа кои лани беа обвинети дека подготвувале терористички напади на јавни објекти во Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за три лица од Скопје осомничени за кривично дело „злосторничко здружување“ и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
-Во рамките на предистражна постапка е утврдено дека постои сомневање дека лицата се организираат за одмазда на своите браќа кои во текот на минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според досега прибраните докази, осомничените дејствувале организирано и координирано, како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи. Постојат сомневања дека се преземале активности за собирање парични средства од земјава и од странство и дека се користени за пропаганда и активности на исламската држава, како и за набавка на оружје – велат од Обвинителството.
Вчера биле извршени претреси и најдени биле огнено оружје, електронски уреди и други материјални докази. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена.


