Откриена мистериозна тајна за колумбискиот писател: Габриел Гарсија Маркез имал тајна мексичка ќерка

габриел гарсија маркез
Фото: EPA/MARIO GUZMAN

Некои нови информации за колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркез излегуваат на виделина.

Порталот „The Hollywood Reporter“ пишува дека на 16 јануари колумбискиот весник „El Universal“ откри дека авторот на „Сто години самотија“ имал тајно дете со мексиканска новинарка, со која имал афера на почетокот на 1990-тите.

Габриел живеел во Мексико Сити голем дел од својот живот со сопругата Мерцедес Барча и нивните две деца Родриго и Гонзало. Авторот почина во 2014 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon k.karina (@sharonk.karina)

„El Universal“ пишува дека во раните 1990-ти имал ќерка со писателката и новинарка Сузана Като. Двојката работеше на две филмски сценарија заедно, а таа исто така го интервјуираше за приказна за списание во 1996 година.

Нивната ќерка Индира сега има 30-ти години и го користи презимето на нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by cem akas (@cem_akas)

Внуката на Габриел, Шани Гарсија Маркез, изјавила дека со години знаела за нејзината братучетка Индира, но не објавила ништо јавно затоа што нејзините родители ја замолиле да ја одржи приватноста за личниот живот на нејзиниот вујко.

Внукот на авторот, Габриел Елиџо Торес Гарсија, рече дека бил во контакт со Индира преку социјалните мрежи, но никогаш не ја запознал лично.

„Моите братучеди Родриго и Гонзало ми кажаа за неа спонтано за време на една наша средба“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mio figlio in rosa (@miofiglioinrosa)

Други членови на семејството на писателот изјавија за „El Universal“ дека не разговарале јавно за Индира од почит кон Мерцедес Барча, која почина во август 2020 година.

Индира моментално работи како продуцент на документарни филмови во Мексико Сити.

„Таа води многу уметнички начин на живот, како и многу луѓе во ова семејство“, рече Шани Гарсија. „Не прави многу среќни што таа блесна сама“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот