Откриена банда која шверцувала мигранти

На сите уапсени им е одредена мерка притвор, а со кривична пријава се спроведени во Обвинителството за организиран криминал.

Српската полицијата денеска уапси шест лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело незаконско преминување на државната граница и криумчарење луѓе.

Во периодот од февруари до 28 април годинава, членовите на организираната криминална група организираа нелегално преминување на границата и транзит преку Унгарија кон Австрија за 41 мигрант.

Оваа криминална група била предводена од Д.М., кој направил план за делување на оваа организирана криминална група која незаконски префрлила голем број луѓе преку државната граница на Србија, а за секој пренесен мигрант наплатувале по 600 евра.

На сите уапсени им е одредена мерка притвор, а со кривична пријава се спроведени во Обвинителството за организиран криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот