Откако беше оштетен, муралот на Ратко Младиќ повторно нацртан

Муралот на Ратко Младиќ во Белград/ Фото Twitter Balkan Insight

Откако претходно бил оштетен и обоен со бела боја, муралот на Ратко Младиќ денеска повтордно беше нацртан од страна на неколку лица во Белград.

Како што објави Нова.рс., муралот го оштетил функционер на Социјалдемократската партија на Србија (СДПС), Ѓорѓо Жујовиќ, кој рекол дека тоа е негова „цивилизациска должност“.

„Мурал со ликот на Младиќ претставува дамка на лицето на секој граѓанин на Србија, без разлика на која нација припаѓал, на која вера или политичка ориентација“ изјави функционерот Расим Љајиќ.

Вчера, српската полиција уапси неколку активисти кои се собраа пред муралот, иако претходно беше соопштено дека полицијата ќе забрани било какви собири околу муралот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше настаните поврзани со муралот на хашкиот осуденик Ратко Младиќ во Белград, изјавувајќи дека полицијата се однесувала професионално, дека го чувала редот и мирот и „тие”, како што кажа „плачат” дека не биле заштитени.

ВИДЕО: Српска активистка фрлала со јајца кон муралот на Ратко Младиќ, полицијата ја уапси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот