Осум занимливости кои можеби не сте ги знаеле за кучињата!

Instagram

На светот постојат стотици раси на кучиња и уште повеќе мешани. Секое кучи има свои единствени особини и карактеристики. Но, едно е сигурно – кучето е фантастично битие и најдобар пријател на човекот.

Еве 8 занимливости за кучињата кои можеби не сте ги знаеле:

1. Newfoundland расата има водоотпорно крзно и кожички на нозете кои му помагаат при пливање. Оваа раса е одгледувана за да им помага на рибарите и за спасување луѓе кои се дават.

2. Три кучиња го преживеале потопувањето на Титаник – 2 померанци и 1 пекинезер.

3. Кружат гласини дека на крајот од песната „A day in the life“ од Битлси, Пол Мекартни снимил ултразвучен крик кој можат само кучињата да го слушнат. Тоа било подарок за својот шкотски овчар.

4. Младите на далматинците се потполно бели кога ќе се родат. Тие малку подоцна започнуваат да ги добиваат своите пеѓи.

5. Кучињата може да сонуваат во РЕМ фазата, кога често ги поместуваат шепите или се тресат.

6. Кај големите раси на кучиња срцето чука помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута, додека кај малите тоа е помеѓу 100 и 140 отчукувања.

7. Истражувањата покажале дека 72% од сопствениците веруваат дека нивното куче може да предвиди доаѓање на олуја.

8. Кучињата имаат околу 1.700 рецептори за вкус, луѓето 9.000, а мачките 473.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот