Осум детали кои порано се сметале како маани во изгледот: Денес жените плаќаат за да изгледаат вака!

профимедиа

Поголемиот дел од жените се склони кон барање маани во својот изглед – многумина сметаат дека косата им е тенка, нивната кожа не е близку до совршенство, усните не им се привлечни или пак дека треба да ја сменат природната боја на косата.

Сепак, денес стандардите се потполно променети. Следните 8 работи некогаш се сметале за маани, а денес се апсолутен хит!

1. Природно руса коса

Природната руса коса се сметала за досадна и жените се фарбале посветли. Денес природниот изглед има цена и жените даваат голема сума на пари за фризер, баш за да ги избегнат овие „досадни“ нијанси.

2. Полни образи

Иако оваа карактеристика ве прави да изгледате млади, многу жени не биле среќни поради „полните образи“ и подлегнале под естетска хирургија за да ги истакнат јаболчниците. Сепак, денес многу познати жени се горди токму на оваа карактеристика.

3. Седа коса

Она од кое некогаш се срамеле, денес жените со гордост го носат и поради тоа многумина им се восхитуваат.

4. Природни усни

До неодамна сите жени сонуваа за полни усни, но и на овој тренд му дојде крај. Денес жените уживаат во природната слика која ја гледаат пред огледалото, а мажите повеќе ги посакуваат природните усни.

5. „Несовршена“ кожа

Трендот за контурирање на лицето остана во минатотот. Пегите и другите природни „несовршености“ не се нешто кое треба да се крие, баш напротив. Покажете ги!

6. Широки колкови

После многу години тренд на слабеењето, облините го земаа модниот трон. Нема причина да се срамите доколку природата ви подарила широки колкови, баш како Џенифер Лопез или Бијонсе.

7. Нокти без гел

Иако со години доминираа кај жените, повторно се во тренд кратки, природни и неупадливи нокти, кои оддаваат доза на префинетост и софистицираност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот