Осуден француски советник што тајно сликал жени под здолништата во Парламентот
Француски суд денеска изрече едногодишна условна казна на поранешен советник во Сенатот поради тоа што фотографирал жени под здолништата, вклучително и во горниот дом на Парламентот на Франција, пренесува „Ле Монд“.
Препорачано
На педесетгодишниот Себастиен Г. му се судеше откако двајца негови колеги во 2023 година, во заеднички простор на десничарската партија „Ле Републикан“, откриле хард-диск со повеќе од 1.800 фотографии.
Како што изјавил судијата минатиот месец, фотографиите биле со „претежно сексуална содржина“.
На дискот имало фотографии од задници и деколтеа на облечени жени, направени на јавни места како улица или во Сенатот, како и фотографии од неговата поранешна девојка, сликана гола во домот на осудениот.
Тој бил пријавен кај надлежните во Сенатот следната година и отпуштен по повеќе од две децении на функцијата.
„Никогаш не сакав да повредам никого. Никогаш не ги споделив фотографиите. Чувствував потреба да ја собирам убавината на жените“, рекол тој во јануари.
На мажот му е забранет влез во Сенатот и му е наложено да прима психолошка и психијатриска помош.
Минатиот месец, францускиот суд прогласи за виновен поранешен сенатор дека ѝ дал екстази на пратеничка со намера сексуално да ја нападне. Тој беше осуден на 18 месеци затвор.
Француски сенатор уапсен под сомнение дека дрогирал пратеничка со намера да ја силува


