Островот Џерси треба да му плати на Абрамовиќ откако упаднале во негова компанија
Полицијата на островот Џерси призна дека вршела нелегални претреси во просториите на компании кои наводно му припаѓаат на рускиот олигарх Роман Абрамович. Освен што му се извиниле, се согласиле да му платат и отштета, дознава Ројтерс.
Препорачано
Откако олигархот беше санкциониран поради руската инвазија на Украина, кралскиот двор во Џерси, остров на Обединетото Кралство, издаде официјална наредба за замрзнување на имотот во вредност од 7 милијарди долари поврзан со Абрамович, а полицијата изврши претрес на простории за кои постои сомневање дека се поврзани со него.
Сепак, фирмите чиишто простории беа упаднати од полицијата ги оспорија наредбите за претрес истиот ден. Полицијата во Џерси неодамна призна дека „наредбите за претрес биле добиени незаконски“ и се согласиле „тие да бидат поништени“.
И полицијата се согласи да плати отштета и трошоци и потврди дека сите копии од документите се уништени. Полицијата ќе му се извини и на Абрамовиќ, се вели во официјалниот документ што го видел Ројтерс.
„Господинот Абрамович секогаш постапуваше во согласност со законот, задоволни сме што полицијата во Џерси попушти поради овие незаконски и неоправдани претреси“, рече портпаролката на Абрамович.


