Остар демарш на турското МНР до американскиот амбасадор во Анкара за признавањето на Бајден на геноцидот врз Ерменците

Турското МНР, исто така, соопшти дека оваа изјава на Бајден предизвика „рана во меѓусебните врски што тешко ќе може да се поправи”.

Турското Министерство за надворешни работи доцна синоќа соопшти дека го повикала американскиот амбасадор во Анкара, Дејвид Сатерфилд, поради признавањето на американскиот претседател Џо Бајден дека масакрот врз Ерменците во Отоманската империја во 1915 година бил геноцид.

Турското министерство наведува дека заменик министерот за надворешни работи, Седат Онал, му кажал на американскиот амбасадор Сатерфилд дека изјавата на Бајден нема правна основа и дека Анкара ја отфрли, оценува како неприфатлива, и ја осудува под најстроги услови.

Турското МНР, исто така, соопшти дека оваа изјава на Бајден предизвика „рана во меѓусебните врски што тешко ќе може да се поправи”.

Бајден вчера и официјално го оцени за геноцид масакрот извршен за време на Отоманската империја над Ерменците во 1915 година. Таа историска декларација, што ја налути Турција, дополнително ги влоши нестабилните односи меѓу двајцата сојузници на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот