„Останавме без храна, помагајте“ – петмина авантуристи два месеца заробени на пуст остров со змии и скорипии (ВИДЕО)

Последниот брод кој требало да ги врати на копно е откажан на 5 мај поради продолжувањето на карантинот на Тајланд.

Група од пет лица веќе два месеци престојува на пуст остров во Андаманското море кое спаѓа на територијата на Мјанмар. Англичанската Натали Пул (35) за британските медиуми раскажа дкако нејзиното патување на островчето Кјун Пила се претвори во кошмар откако последниот брод кој групата луѓе требало да ги префрли на копно ненадејно е откажан.

– Броиме ден за ден – рече Пул која со своите пријатели речиси 70 дена преживува на пуст остров кој го делат со скорпии, гуштери и змии. Враќањето дома не се наѕира набрзо.

– Тоа е најлошо во целата приказна, немаме поим кога и како ќе си одиме дома. А залихите со храна и прва помош ни се се потенки, рече таа.

Целта на патувањето всушност била волонтерска. Група странци скокнала на помош за да се спаси еден корален гребен, и тука работата се искомплицирала. Последниот брод кој требало да ги врати на копно е откажан на 5 мај поради продолжувањето на карантинот на Тајланд.

– Како се согласување? Што да ви кажам, имаме подеми и падови… рече Пул која се наоѓа на островот уште од 19. март.

За среќа има мрежа на островот, па несреќното друштво може да го известува своето семејство преку „Фејсбук“.

– Ве молам, помогнете! Во понеделник еден брод доаѓа на островот но не сакаат да не земат зошто немаме резервирани авионски карти за враќање дома. Бараат да им ги покажеме авионските карти за враќање дома, но ситуацијата е таква што од Мјанмар нема никакви летови! – напиша Пул.

Таа истакна дека е и време за проблем.

– Шест часа трае патот до копното. Но проблем е со времето. Ако се влоши, што е лесно можно, нашето враќање ќе биде невозможна мисија! – рече таа.

Друштвото живее во еден импровизиран камп кој го направиле од трска. Се наоѓаат на 15 минути пеш од еден ресорт на островот, но тој е затворен уште на почетокот на епидемијата. Залихи со храна имаат за уште малку време.

– Внимаваме колку јадеме, но и она што го имаме е веќе при крај, вели оваа Англичанка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот