Основците од Хрватска нема да користат телефони ниту за време на одморот
Ќе им се ограничи правото на родителите да го оправдаат отсуството на учениците од настава до три дена, на два до три пати по семестар, наместо досегашниот неограничен број.
Ќе се забрани употребата на мобилни телефони во основните училишта во Хрватска, и за време на наставата и за време на одморот, со исклучоци кога ќе се користат за образовни цели или од здравствени причини, најави денеска специјалната советничка на хрватската министерка за образование, Ивана Павиќ Шиметин, објави денеска пишува Јутарњи лист.
Препорачано
„Дури и сега, училиштата се единственото место каде што на децата не им е дозволено да користат телефони, но засега тоа е само за време на часовите, а со измените на правилникот за педагошки мерки, ќе се пропише за основните училишта дека тие не можат да се користат дури ни за време на одморите“, рече Шиметин.
Таа поднесе предлог за измена на Законот за образование во основните и средните училишта, кој Парламентот ќе го дискутира во среда и кој, како што нагласи, доби поддршка од повеќе од една петтина од пратениците.
„Многу земји веќе започнаа во таа насока, а отидоа и чекор понатаму, па затоа и Европскиот парламент зборува за регулирање на употребата на социјалните мрежи за лица под 13 или 16 години, во зависност од земјата“, нагласи
советничката, истакнувајќи дека регулирањето на употребата на мобилни телефони нема место во законот, исто како што законот не регулира друго неприфатливо однесување на учениците, туку треба да биде регулирано со правилник, кој исто така пропишува како училиштата можат да го спроведат.
Измените на Правилникот, додаде таа, се подготвуваат и ќе бидат во постапка брзо, за еден или за два месеца.
И покрај делот поврзан со употребата на мобилни телефони, ќе се донесе уште една новина, ограничувајќи го правото на родителите да го оправдаат отсуството на учениците од настава до три дена, на два до три пати по семестар, наместо досегашниот неограничен број, најави Шиметин, објавува загрепски „Јутарњи лист“.


