Османи: Владата работи на нов закон за здруженија, за деталите ќе се разговара дополнително

Бујар Османи министер за надворешни работи во утрински брифинг / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со нивинарите најави дека Владата работи на ново системнско законско решение за здруженијата и финдациите.

– Од моја страна беше најавено дека ќе и предложам на Владата. Владата излезе со решение дека ќе има нов закон кој што веќе почнува да се работи и новиот закон ќе биде испратен до Венецијанската Комисија пред да биде усвоен, што значи истата цел се постигнува. Меѓутоа, тоа е пристапот на Владата. Мора да се разговара дополнително. Меѓутоа првите индикации од Владата се дека треба нов закон, бидејќи ова беше решение ад хок, решение за моментот. Сега се прави ново системско решение за законот за здруженијата, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање во која фаза е најавата за испраќање на Законот за здруженијата до Венецијанската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот