Османи: Се надеваме дека ЕУ ќе ги повлече нефер мерките кон Косово

Вјоса Османи / Фото: Архива на Слободен печат

Претседателката на Косово Вјоса Османи изјави дека договорот со Европската унија за чекори за деескалација на ситуацијата на северот е добра вест и дека се надева оти ЕУ ќе ги повлече воведените мерки кон Косово, пишува Коха. Османи рече дека Косово ја координира секоја акција со своите сојузници, додавајќи дека е важно да се задржи стабилноста на регионот.

Таа посочи дека Косово се однесува согласно своите институции и законски обврски.

„Се надеваме дека ЕУ ќе ги повлече неправедните мерки против Косово и можеме да продолжиме да работиме со поголем успех во дијалогот. Што се однесува до процедурите за подготовка на изборите, тоа не одзема многу време. Законите даваат можност да се организираат избори“, рече таа.

Таа додаде „дека Србите не излегле на избори на 23 април поради уцената на претседателот на Србија, Александар Вучиќ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот