Османи-Линде: Билатерално прашање не треба да биде предуслов за почеток на преговорите

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде која во рамките на шведското претседателство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), е во еднодневна посета на Република Северна Македонија.

Таа изрази загриженост што Република Бугарија и понатаму не го дава потребното зелено светло за почеток на преговорите со Европската Унија. Линде вели дека Северна Македонија ги има исполнето сите услови за почеток на преговорите, а тоа е и ставот на останатите министри за надворешни работи на ЕУ, освен на министерот на Р. Бугарија.

– Како претставник на шведската Влада јас сум разочарана што се уште не се започнати преговори. Северна Македонија ги исполни потребните услови и преговорите веднаш треба да почнат. Јас цврсто верувам дека преговорите требаше да бидат почнати и ЕУ во март 2020 требаше веќе да донесе едногласна одлука. Унијата има свои обврски кон С. Македонија и треба да ги исполни тие обврски. Потребен е дијалог за да се решат овие дипломатски прашања, јас ги потикнувам сите дипломатски напори за решавање на ова прашање. Истакнувам во моите состаноци со министрите за надворешни работи во ЕУ, дека Бугарија не треба да го блокира патот на вашата земја. Билатерално прашање не треба да биде предуслов за почеток на преговорите. Мислам дека е ова ставот на сите министри за надворешни работи, освен министерот за надворешни работи на Бугарија. Реформите се спроведуваат не само поради зачленувањето во ЕУ, туку и за граѓаните на вашата земја. Не би требало да бидат граѓаните обесхрабрени, иако има причина за да бидат разочарани, изјави министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде.

Османи истакна дека интегрирањето на земјава кон ЕУ, не е само наш интерес, туку и на Европската Унија, и додаде дека Унијата не е целосна без Западен Балкан, така се отвора можност за дестабилизација и причина за слаби економски односи.

– Кога Шведска вели дека ги имате исполнето сите услови е навистина охрабрување, бидејќи Шведска е многу строга во исполнувањето на демократските критериуми. Граѓаните очекуваат конкретни резултати, после 16 години од кандидатски статус и 20 години чекање треба да започне следната фаза за нашата земја. Треба да ги убедиме нашите стратешки партнери дека ова не е само интерес за нашата земја, туку е интеес на целата Европска Унија. Европа без Западен Балкан не е комплетна, има голема дупка во нејзиното срце, која може да биде причина за дестабилизација, причина за слаби економски односи. Мислам дека и покрај очекувањата дека со техничката Влада на Бугарија ќе се влошат односите, јас го очекувам обратното. Нправивме добра основа, етаблиран е отворен дијалог, особено со последната посета во Софија, јас се надевам дека Бугарија ќе ги искористи овие последни денови за да рефлектира за овој навистина искрен пристап за разликите кои не делат и за сличностите кои не зближуваат, но ние немаме друг избор туку штафетата после 20 години да се даде на Словенија и да продолжиме по овој пат, изјави министерот за надворешни работи на С. Македонија, Бујар Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот