Ослободителна пресуда за новинарите на А1.он во спорот со „Левица“

Мери Јордановска, Димитар Апаисев / Колаж: СП.

Основниот Кривичен суд донесе ослободителна пресуда по тужбата на претседателот на политичката партија „Левица“ и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев против новинарите на веб-порталот „А1он“. Новинарите беа тужени за „неовластено објавување на лични записи“ по член 148 од Кривичниот законик, а всушност станува збор за објава на одговор по СМС порака од пратеникот.

Апасиев ќе ја тужи новинарката Јордановска: Барајте си добар адвокат

Пратеникот тужеше тројца новинари, Предраг Петровиќ, Мери Јордановска и Габриела Димковиќ – Мишевска, а откако откако Димковиќ – Мишевска му се извинила на Апасиев, тој ја повлекол тужбата против неа.

Во членот 148, според кој беа тужени Јордановска, Петровиќ и фирмата издавач на веб-порталот А1он, „Онлајн Медија“ се вели:

„Тој што без дозвола на авторот во случаите кога такво одобрение е потребно, ќе објави дневник, писмо или друг личен запис, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“

Новинарката Мери Јордановска вели дека во случајот не станува збор за никаков личен запис, туку за службена комуникација преку СМС порака помеѓу новинар и пратеник – лидер на политичка партија.

– Во декември 2020 година, поранешната колешка Димковиќ-Мишевска преку СМС порака му се обратила на Апасиев со барање за изјава и официјално прашање – каков е ставот на Левица во однос на парите што партијата ги добила од буџетот, односно дали планира да ги врати во буџетот, да ги донира или да ги задржи, бидејќи во тој период партијата беше прозвана на социјалните мрежи како работничка партија да се солидализира во време на пандемија. По ова, следуваа низа објави на Фејсбук со кои Апасиев упатуваше навреди и кон новинарката и кон мене, за што реагираа сите домашни здруженија, ЗНМ, ССНМ, меѓународните здруженија Репортери без граници и Интернационалната федерација на новинари – објаснува Јордановска.

Таа на порталот „А1он“ ги објавила овие навреди од страна на пратеникот и лидер на „Левица“ Апасиев, а како илустрација во текстовите е објавен и принтскрин, односно фотографија од еден од неговите одговори дадени на новинарката.

Судењето траеше речиси една година. Апасиев не се појавил на ниту едно рочиште, а во своите завршни зборови неговиот адвокат Спасе Николов потенцирал дека телефонскиот број на пратеникот не бил службен туку приватен, што било причина повеќе новинарите да одговараат кривично.

Јордановска: Мило ми е за донесената ослободителна пресуда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот