Ослабете 2 килограми за само 1 ден – Еве како…

Диетата трае само 1 ден, во кој може да изгубите од половина до 2 килограми, односно да се ослободите од вишокот течности насобрани во телото.

Напомена! Оваа диета не смеете да ја применувате подолго од 1 ден, ниту почесто од 4 пати месечно.

Внимавајте ако сте нетолерантни на млеко, ако имате проблем со бубрезите или со низок крвен притисок. Доколку страдате од некои хронични болести, задолжително консултирајте се со лекар.

Од што се подготвува пијалакот?

1,5 литри немасно млеко

2 лажици сушен зелен чај

Се препорачува чајот да го купите во билна аптека или продавници за здрава храна, затоа што филтер кесичките го немаат истиот ефект.

Подготовка

Проварете го млекото, а потоа оладете го на температура од 70 степени. Додајте ги 2-те лажици зелен чај.

Важно е млекото да биде жешко, а не само топло или млако кога во него ќе го ставите чајот.

Поклопете и оставете го чајот да отстои околу 20 минути, а потоа процедете.

Примена

Потребно е да пиете по 1 шолја од пијалакот на секои 2 часа.

Покрај тоа би требало да испиете околу 2 литри вода ако сакате ефектите да бидат посигурни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот