Оскаровката го критикуваше Израел, па веднаш е исфрлена од холивудската агенција

Фото: Erik Pendzich / Alamy / Alamy / Profimedia

Познатата американска актерка Сузан Сарандон (77) е исфрлена од главната холивудска агенција „Обединета агенција за таленти“ (United Talent Agency – UTA), која ги застапува талентираните уметници и професионалци во областа на забавната индустрија, откако рече дека исплашените Евреи „сега почнуваат да сфаќаат како е да се биде муслиман во Америка“, пренесе „Пејџ сикс“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерката го критикуваше Израел во последните неколку недели и сега е на удар поради нејзиниот најнов испад по смртоносниот напад на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, објави њујоршкиот портал.

Изворите велат дека неколку членови на УТА биле крајно повредени од коментарите на Сарандон. Портпаролот на УТА денеска изјави за „Пејџ сикс“ дека агенцијата повеќе нема да ја претставува Сузан Сарандон. Актерката, позната по улогите во филмовите „Телма и Луиз“ (Thelma & Louise), доби Оскар за „Мртов човек што оди“ (Dead Man Walking), а беше клиентка на УТА од 2014 година.

Годинава таа се појави во два филма „Blue Beetle“ и „Maybe I Do“, со холивудските ветерани како Дајан Китон, Ричард Гир и Вилијам Ејч Мејсис.

Фото: Инстаграм

Меѓутоа, како што додава њујоршкиот портал, таа налутила одредени луѓе на пропалестинскиот протест во Њујорк минатата недела.

„Постојат многу луѓе кои се плашат да бидат Евреи денес и сега сфаќаат што значи да се биде муслиман во оваа земја“, рече Сарандон.

Во твит минатата година, Сузан ги спореди полицајците кои се собраа на погребот на убиениот њујоршки детектив Џејсон Ривер со фашисти.

Таа веќе ги шокираше луѓето кога го ретвитна екстремно десничарскиот коментар во кој се тврди дека израелски хеликоптер убил израелски граѓани на 7 октомври, додава „Пејџ сикс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот