Оружен инцидент во казино на Качанички пат

Архива

Група мажи на 11 мај во група влегле во казино на Качанички пат и се обиделе да украдат пари. Тие според ОЈО, нападнале едно лице кое играло на апаратите за среќа и започнале да го удираат, барајќи од него да им ги даде парите. Откако оштетениот дал отпор, тие на сила го одвлекле до едно сепаре, продолжиле да го удираат и да го убедуваат да излезе со нив од казиното.

За да се одбрани, оштетениот зел стол и се заканил дека ќе го фрли кон осомничените. Во тој момент првоосомничениот извадил пиштол од појасот, го репетирал и се заканил дека ќе го убие оштетениот. Сепак, нападнатото лице одбило да излезе со нив од казиното, а од нанесените удари се здобило со телесни повреди.

„Постои основано сомнение дека со наведените дејствија тројцата осомничени сториле кривично дело разбојништво. Првиот осомничен сторил и кривично дело грабнување. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен. Од другите двајца осомничени, еден се уште не е лишен од слобода, додека за другиот се предложени мерки на претпазливост“ тврди ОЈО.​​

Тетовци фрлиле молотови коктели врз казино, повредиле полицајци кои биле внатре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот