Виктор Орбан/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан и честиташе на Алис Вајдел од АФД, но не и на германскиот победник на изборите Фридрих Мерц

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и честиташе на лидерката на германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел по вчерашните избори во Германија, но не и на победникот и најверојатно следниот канцелар – лидерот на конзервативната опозиција Фридрих Мерц, јави ДПА.

АфД на Вајдел постигна голем успех и се најде на второто место на изборите, но остана цврсто зад централно-десничарската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Мерц и нивната сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).

Алис Вајдел им се обраќа на поддржувачите на АфД по гласањето на изборите за Бундестагот / Фото: EPA-EFE/SOEREN STACHE / POOL

-Огромен дел од германскиот народ гласаше за промени, напиша унгарскиот десничарски премиер на „Х“. „Сакам да и честитам на Алис Вајдел за удвојувањето на гласовите на АфД“, додаде тој.

Во 2021 година унгарската владејачка партија на Орбан, Фидес, ја напушти централно-десничарската група на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, во која конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ игра водечка улога, по конфликтите околу распаѓањето на демократијата и владеењето на правото во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот