Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Орбан: Брисел се подготвува за војна до 2030 година

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска изнесе став дека Брисел се подготвува за војна со Русија и дека веќе постои целен датум за влегување во војната – 2030 година. На својата страница на Фејсбук тој напиша дека целта на програмата за вооружување иницирана од Брисел е „да ја направи Европската Унија подготвена за војна до 2030 година“, што е и целен датум за забрзаната постапка за членство на Украина во ЕУ, пренесува Хирадо.

„Темни облаци се собираат на небото над Европа. Брисел се подготвува за војна со Русија и веќе постои целен датум за влегување во војната: 2030 година“, предупреди Орбан, пренесува Танјуг.

Според него, следната година би можела да биде последната изборна година на Унгарија кога навистина може да одлучи за прашањето на војната и мирот. Користејќи го примерот за имиграцијата, Орбан го привлече вниманието на фактот дека постојат одлуки што не можат да се коригираат подоцна.

„Ако не ја изградивме оградата во 2015 година, мигрантите веќе ќе беа тука. Ако донесеме погрешна одлука во 2026 година, ќе биде предоцна да ја поправиме до следните избори во 2030 година. Играта нема да заврши добро. Кој сака мир, нека ни се придружи“, заклучи Орбан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот