Општина Куманово одвои над 8,6 милиони денари за зимско одржување на улиците

Општина Куманово одвои 8.645.000 милиони денари за зимско одржување на улиците, информираше градоначалникот, Максим Димитриевски.

– Оваа година е поразлично од претходните. Услугите ќе се плаќаат врз база на завршена услуга или ангажирана работна сила, не по принципот на константни дежурства од страна на избраната фирма оператор. По прв пат имаме и специјално средство кое не дозволува уништување на постоечките сообраќајни површини, а воедно не дозволува контакт на снегот со долната површина и замрзнување на истиот. Се надевам дека ќе имаме убаво исчистен и уреден град, какво и да е времето пред нас, ќе видиме, изјави Димитриевски.

Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона, појаснуваат од одделението за комунални дејности. При врнежи од снег ќе се чисти по приоритет првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, потоа следува втората зона, ќе се чистат и улиците и населените места по налог.

Избраната компанија, велат надлежните, поседува специјални возила, меѓу нив, камиони, со различна јачина, големина, капацитет, соларки, снежни плугови, булдожери, грејдер, сè што беше наведедено во тендерската постапка. Фирмата има и доволна количина сол и ризла.

Покрај градот кој ќе го чисти од снег, компанијата е должна да ги одржува и патиштата кои водат кон 42-те села, кои гравитираат околу Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот