Општина Карпош: Училиштата на наша територија се подготвени за почеток на второто полугодие

Општина Карпош информира дека од денеска продолжува комбинираната настава во сите десет основни училишта на нејзина територија.

Во пресрет на почетокот на вториот дел од учебната годината, Општината преку Одделението за образовние ги презема потребните активности за продолжување на наставата, без поголеми проблеми. Во текот на вчерашниот ден се одржа онлајн работна средба меѓу раководителката на Одделението за образование, Емилија Арсовска и директорките на сите основни училишта.

– На средбата се разговараше за постигнатиот успех на учениците во првото полугодие, буџетската програма за активности на Општина Карпош од областа на образованието за 2021 година (линк: https://bit.ly/2Ngee20), како и за зголемените хигиенски активности во образовните установи за заштита на учениците и кадарот од ковид-19, се вели во соопштението.

Во следните денови училиштата ќе одржат и родителски онлајн средби со цел да се соопшти успехот на учениците и да се разговара за тоа што ги очекува сите вклучени чинители во процесот на учење во второто полугодие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот