Општина Аеродром реагира дека се затрупани во смет, „Комунална хигиена“ не ги празни контејнерите

Полни контејнери/Фото: архива на Слободен печат/Драган Митрески

Општина Аеродром реагира дека „Комунална хигиена“ не го собира отпадот.

– По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба. И покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината – соопшти Општина Аеродром.

Општина Аеродром е важен и неизоставен дел од градот, додаваат  оттаму и апелираат до Градот Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за подобрување на хигиената во Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот