Опасна „диета“ со јајца и вино станува хит кај тинејџерки, предупредува д-р Беќаровски

Фото: Pxhere

Опасен тренд се шири кај младите, особено кај девојките во скопје, предупредува доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија – диета со јајца и вино која може да биде погубна за црниот дроб. Следејќи ја „диетата“, позната од западните списанија уште од пред 50-60 години, а „воскресната“ денеска на интернет, неколку девојки веќе завршиле на клиниката.

Докторот предупредува да не се наседнува на нездрави и штетни практики во исхраната.

„Една стара „диета” промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува сè попопуларна меѓу скопските тинејџерки. „Диетата” се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино“, пишува д-р Беќаровски.

Кога некој се храни вака неколку недели, тоа може да предизвика „сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА“, предупредува познатиот лекар.

„Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија!! Родители, најдете малку време да проверите како се „хранат” Вашите деца, пред да биде предоцна. Девојки, спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед“, вели докторот во објава на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот