Фото: spoidenovi.mk

Омилениот македонски спорт – спојувањето денови за одмор, сега има своја апликација

Новата веб-апликација „Спој денови“ со неколку кликови пресметува кога е најисплатливо да земете слободни денови за да добиете продолжен викенд или подолг одмор, а да заштедите на деновите од одмор кои ви следуваат на работното место.

Апликацијата ќе ви препорача, на пример, со само пет денови од одморот, на почетокот на годината да добиете дури 12 споени денови без работа.

Дарко Божиновски, авторот на апликацијата, на социјалните мрежи го претстави проектот како „скромен придонес кон еден од омилените македонски спортови – спојување одмори“, додавајќи дека сите корисници можат да испраќаат предлози, пофалби и забелешки.

Реакциите се претежно позитивни, а дел од корисниците на „Линкдин“ ја нарекоа апликацијата „генијална“ и „алатка која конечно ни ја олеснува најслатката мака – планирањето одмор“.

Апликацијата е бесплатна и достапна на: spoidenovi.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот