Оливера Балашевиќ гостува на големата сцена во МНТ со монобајката „Презимето на розата“

На големата сцена во Македонскиот народен театар на 15 март 2024 година со почеток во 20 часот ќе гостува монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ.

„Презимето на розата” е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште”. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата” е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.

Асистент на режисерот е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.

По претставата следи промоција на романот „Планета двориште” и потпишување на книгите од страна на госпоѓа Балашевиќ, со пригоден коктел.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата како и онлајн преку веб-страницата на МНТ.

 

 

 

Комерцијален текст 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот