Олимписките игри свечено затворени во Верона, Норвешка најуспешна нација
Вечерва се спушти завесата на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, кои ќе останат запаметени по врвни спортски достигнувања, урнати рекорди и емоции што го обединија светот во духот на олимпиското заедништво.
Препорачано
Со свечена и впечатлива церемонија во античкиот амфитеатар во Верона, олимпиското знаме беше симнато, симболично означувајќи го крајот на Игрите. Но, и по згаснувањето на олимпискиот оган, остануваат приказните за фер-плејот, солидарноста и спортската извонредност што ги одбележаа овие натпреварувања. Изданието на Зимски олимписки игри 2026 ќе биде впишано како едно од најуспешните во историјата на зимските спортови.
Најтрофејна нација е Норвешка со вкупно 41 освоен медал, од кои 18 златни, резултат што претставува нов олимписки рекорд. Веднаш зад неа се Соединетите Американски Држави со 33 медали, меѓу кои 12 златни медали, потврдувајќи ја својата спортска моќ и континуитет на зимската сцена.
Норвежаните доминираат во Италија – урнаа рекорд кој го поставија во Пекинг
ВИДЕО: Американците ја победија Канада и по речиси половина век станаа олимписки шампиони


