Олимписка драма за историја, Валиева се враќа дома без медал

Камила Валиева направи грешки во својот настап и заврши како четвртопласирана/Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Младата 15-годишна руска лизгачка Камила Валиева го освои четвртото место на Зимските олимписки игри во Пекинг во поединечна конкуренција, каде се натпреваруваше и покрај тоа што беше позитивна на допинг тестот.

Валиева беше во водство по кратката програма, но денеска направи неколку грешки при последниот настап и на крајот заврши на четвртото место.

Тоа практично значи дека ќе се одржи церемонија за доделување на медалите, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во понеделникот, по одлуката на Судот во Лозана да ѝ дозволи настап на Валиева, најави дека нема да има церемонија, доколку таа биде меѓу првите три.

Златото и среброто сепак ѝ припаднаа на Русија, првото место го освои Ана Шербакова, а второто Александра Трусова која денеска го имаше најдобриот настап.

Бронзата ѝ припадна на Јапонката Каори Сакамото.

„Њујорк тајмс“: Валиева користела три лека за срце од кои два се дозволени од ВАДА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот