О’Калаган на СП во Фукуока го собори најстариот светски рекорд

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Австралијката го собори светскиот рекорд на 200 метри слободно, кој опстојуваше од 2009 година

На својот настап на Светското првенство во Фукуока (Јапонија), Австралијката Моли О’Калаган го собори најстариот женски светски рекорд од олимписка програма во пливање, оној на 200 метри слободно.

О’Калаган постигна време од 1: 52,85 минута, односно симна 13 стотинки од светскиот рекорд на Италијанката Федерика Пелегрини од Светското првенство во 2009 година.

Со ова, останува уште еден женски светски рекорд од олимписката програма кој сè уште опстојува од ерата на супер-костими 2007-2009, оној на Кинезинката Лиу Зиге на 200 метри пеперутка, до кој ниту една пливачка не се доближила на помалку од две секунди, откако беше постравен постави.

На минатогодишното СП, О’Калаган победи на 100 метри слободно и го освои среброто на 200 метри слободно на 18 години, следејќи ја долгата низа австралиски шампиони во спринт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот