ОЈО: Онлајн судењето да е исклучок, а не практика!

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обвинителите се подготвени за онлајн судење, тврдат од ОЈО за Слободен печат. Оттаму додаваат дека Обвинителството има опрема со која би можело да се вклучи во онлајн судска постапка, доколку има потреба.

– Ова беше потврдено и на првото онлајн судење во Основниот суд во Кавадарци, каде ОЈО-Кавадарци веќе застапуваше поднесено обвинение, велат од Обвинителството.

Сепак, според нив, ваквата практика, согласно Законот за кривична постапка, би можела да биде исклучок, а не практика.

– Основен принцип е доказите да се изведуваат непосредно пред судечкиот совет. Судницата е место, каде што со докази, свои аргументи и со вештини истапуваат странките во постапката и каде што личното присуство на сите инволвирани е значаен дел во градењето на оценката за текот на постапката и одлуката на судот, заклучуваат од ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот