Тимски до победа на првото издание на Red Bull Педалинка во светот, Охрид © Емануел Трпчевски

Охрид се спрема за првото издание на Red Bull Педалинка во светот!

За првпат досега, Охрид ќе биде домаќин на првиот Red Bull Педалинка настан во светот!

Овој уникатен спортски натпревар ги комбинира адреналинот, тимскиот дух и креативноста во една уникатна трка со педалинки. Во оваа возбудлива трка, тимови од четворица (каде барем еден е од спротивен пол) ќе се натпреваруваат преку пет елиминациски рунди за тимски да стигнат до победа. Патеката по која ќе се движат тимовите е долга 200 метри и е поделена во два сегменти од по 100 метри.

Кој е побрз на Red Bull Педалинка_, Охрид © Емануел Трпчевски

Оваа трка не е само предизвик за најбрзите – Red Bull Педалинка е и предизвик за тимскиот дух, бидејќи двајца од тимот напред возат на педалите од педалинката, а останатите двајца позади со весла веслаат на колена.

Спорт и забава на Red Bull Педалинка во Охрид © Емануел Трпчевски

Крајниот победник на Red Bull Педалинка е оној тим кој ќе победи на последната трка.
Освен наградите за прво, второ и трето место, уникатен момент на Red Bull Педалинка е тоа што тимовите ќе имаат можност тимски да се маскираат по сопствен избор, а најдобрата тимска маска (според гласовите на стручното жири) ќе биде наградена.

Двајца од тимот позади веслаат со весла на Red Bull Педалинка,во Охрид © Емануел ТрпчевскиJPG

Red Bull Педалинка ќе се случи во Охрид, на Кеј Македонија, старо пристаниште со почеток во 15 часот, како дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.

Ги повикуваме сите ентузијасти на водните спортови да се приклучат и да се подготват за уникатна трка и добра забава!

Акција на Red Bull Педалинка во Охрид © Емануел Трпчевски

За повеќе информации околу пријавувањата, наградите и правилата на настанот, проверете на redbull.com/pedalinka.

Тимска работа во акција на Red Bull Педалинка, во Охрид © Емануел Трпчевски

Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот