Охисовци повторно на протест пред Влада- Слободен печат

Охисовци повторно на протест пред Влада

Поранешните работници на Охис денска по којзнае кој пат повторно протестираа пред Влада.

Тие како и многупати досега ги бараат заостанатите плати, некои 24, некои 12, некои 8 плати, а тие со години им ги должи државата.

Поранешните вработени исто така имаа побарување да се направи ревизија на комплетната стечајна постапка, па поради тоа имаат поднесено многу барања до Владата, министерството за Правда, Државната комисија за антикорупција и други надлежни институции.

„Каде и да се обратиме секаде го добиваме истиот одговор – „Се работи на случајот“. Имаме мала помош со добивањето на податоците околу исплатата на платите, но може да се забележи дека станува збор за нерамномерна исплата. Затоа што одредени лица ќе земат преку 80 проценти, додека други ниту 8 отсто или посликовито, некои ќе земат 1.500 евра, а пак други по 9.000 денари. Сметаме дека оваа поделба не е регуларна, затоа што сите исто сме работеле, сите сме се труеле таму, а исплатата да биде толку многу различна – вели Розета Атанасова.

Прочитајте и...  Реакција на албанската полиција за нејзината улога во заплената на околу 1,2 тони кокаин од Карибите во Грција

Според нив, стачајниот управник Маринко Саздовски има платено некој доктор на економски науки кој ја има направено оваа распределба, кој колку проценти ќе земе, па од тоа околу 13 проценти од сумата ќе треба да ја земат вработените, додека другиот процент ќе оди за другите побарители.

Околу 2.000 работници ги чекаат заостаните плати, сума од околу 5 милиони евра, а досега им е исплатена сума од околу 1 милион евра, па тие бараат од Владата да им помогне да ги добијат нивните побарувања, затоа што на времето овој хемиски гигант околу 80 проценти беше во сопственост на државата.

Прочитај повеќе

Коби пред смртта објави фотографија со семејството, и покажа кој му беше најголема поддршка

Слободен печат

Трамп реагираше за смрта на Коби: Ова е ужасна вест

Слободен печат

Последната порака на Коби Брајант

Слободен печат

На лизгалиште во Битола, со маски

Слободен печат

Видео од местото на несреќата каде Коби Брајант го загуби животот

Слободен печат

Македонците ја добија првата подршка од албанска партија за загарантирани места во албанскиот парламент за малцинствата

Слободен печат

Остави Коментар

seventeen − 8 =

Прочитај повеќе

Рама отпатува за Берлин на средба со Меркел,во функција на донаторската конференција за Албанија

Слободен печат

ШОК ВО САД: Во хеликоптерска несреќа загина НБА ѕвездата Коби Брајант

Слободен печат

Лондон се подготвува в петок да одбележи напуштање на ЕУ

Директорот на СЗО на пат кон Кина поради ширењето на новиот коронавирус

Слободен печат

Откриени администраторот и телефонските броеви на членовите на „Јавна соба”

Слободен печат

НОВА НЕСРЕЌА ВО ИРАН-Се запали патнички авион веднаш по полетувањето

Слободен печат