Ограничени маржи на брашно, масло, шеќер, сол во Црна Гора

Црна Гора рафтови супер маркет фото ЕПА PEJOVIC

Во Црна Гора од денеска стапува во сила одлуката со која се ограничува максималниот износ на маржи во продавниците на големо на пет осто, за пченично брашно – тип 400 и 500, шеќер, масло, сол, додека за малите продавници ќе биде седум отсто.

Со ограничување на маржите, овие главни производи би можеле да бидат поевтини. Одлуката е усвоена на последната владина седница на Црна Гора.

Цените на основните намирници годинава се зголемија драстично, особено откако на 24 февруари Русија почна војна во Украина.

Па така, за литар масло во почетокот на 2021 година во Црна Гора беше потребно да се издвои едно евро. Во јануари 2022 година, чинеше 1.40 евра. Цената на производот во црногорските маркети сега се движи меѓу 2.3 и 2.4 евра. Килограм брашно, тип 400, во јануари 2021 година чинеше 40 центи, а година дена подоцна дојде до поскапување од 50 отсто. Сега цената на брашното се движи околу 80 центи.

За килограм сол треба да се плати меѓу 50 и 60 центи, а за шеќер – деведесет и пет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот