Ограбен покојник во скопски ковид-центар, семејството на починатиот е во шок

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Паричник украден од покојник во Ковид-центар, вакво обвинување доаѓа социјалната мрежа Фејсбук од профилот Оливера С. Оле. Таа тврди дека нејзиниот сега веќе починат татко бил ограбен во одделот каде бил сместен во Ковид-центарот на Клиника.

„Не можам да се помирам со фактот дека на човек кој на мравка не згазнал цел живот, кој на сите им излегол во пресрет за се во животот, биде ограбен на мртво во одделот кај што беше сместен во ковид центарот на клиника, каде освен вработени со скафандери и каде што само персоналот смее да се движи, му се буквално од џеб украдени новчаник со парични средства и платежни картички со се лицчни документи негови и на мојата мајка за кој беше тој ополномпштен. Се прашувам колку треба да бидеш болен во умот за да посегнеш да крадеш од човек кој веќе не е меѓу живите, се прашувам исто така како тој истиот болен ум спие ноќе“, пишува таа.

Го прашува и министерот за здравство, Венко Филипче дали има сознанија за вакви работи.

„Господине Венко Филипче, дали вие знаете и имате сознанија какви луге вие вработувате да се грижат за здравјето на пациентите, дали знаете колку боли да отидете да си ги подигнете работите од покојниот и ви дадат само мобилен телефон и ви кажат дека други вредни работи немало?!?! Кои се тие да кажат што е вредно а што не е вредно од она што последно останало од татко ми, дали знаете колку се тие бесценети за нас?!? Како имаат смелост и која е таа дрскост да му се каже на членот од семејството на покојникот да оди да се расправа со војската надвор пред ковид центарот за пропуст и грешка за кој се тие виновни??? Торбите беа тука ама сега ги снема… Мојот татко новчаникот си го чуваше во џеб, и него го снемало… Дали е тоа одговор што треба да го добиеме, дали наместо да се соочиме со болката и загубата ние сме преориентирани кон тоа да даваме изјави и пријавуваме во полиција???!?“ се вели во објавата.

Вели дека нема зборови со кои може да ја опише лутината и бесот. Оливера бара и да се пронајде виновникот.

Случајот е пријавен во полиција и се превземаат мерки за откривање на сторителот, велат од МВР за случајот со ограбувањето на пациент во Скопје.

Вчера во ПС Центар, Г.К.(48) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 до 29 ноември во ковид-центарот на комлексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран и починал неговиот татко Д.К. (72), од страна на непознат сторител одземен му е паричникот во кој имало пари, лични документи и предмети, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот