Фото: Eintracht Frankfurt

Официјално: Ван Де Бек го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Бундеслигата

Во првиот ден од Новата Година го имаме и првото засминување од Манчестер Јунајтед, Холанѓанецот Дони Ван Де Бек кариерата ја продолжува во германски Ајнтрахт.

Холанѓанецот се пресели на позајмица во Ајнтрахт и во редовите на бундеслигашот ќе се обиде да ја врати формата од времето кога го носеше дресот на Ајакс.

Ајнтрахт презема дел од платата на Ван Де Бек, а доколку одлучи да го откупи договорот ќе треба да плати 11 милиони евра и три преку евентуални бонуси. Долго време 26-годишниот Холанѓанец не е во плановите на Ерик Тен Хаг, па затоа одлуката да ја промени средината и не е изненадување.

Сезонава Ван Де Бек одигра само три минути во Премиер лигата и тоа на 30-ти септември против Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот