Официјално: Ренато Санчес од ПСЖ на позајмица во Рома

фото: asroma.com

По Леандро Паредес, Рома официјално го промовираше и Ренато Санчес кој доаѓа на позајмица од ПСЖ.

Римската „волчица“ на крајот од сезоната ќе ја има опцијата за откуп на договорот на Португалецот доколку се задоволат одредени услови.

– Многу сум среќен што доаѓам во овој голем клуб. Ме освои проектот на Рома, чувствувам дека ја одиграв вистинската улога и чувствувам дека играњето овде е вистинскиот избор за мене. За секој играч е важно да ја почувствува поддршката од навивачите. За мене на мојот прв ден, влијанието што го почувствував ми помогна да разберам колку овие навивачи го сакаат тимот и тоа може само да ме поттикне напред да дадам сѐ од себе за да постигнам успех овде – рече Санчес.

Со португалската репрезентација дојде до титулата на Европското првенство во 2016 година, беше најмлад стартер во историјата на европските првенства и најмладиот стрелец на сите времиња во нокаут-фазата.

На клупски план беше дел и од Бенфика, Баерн Минхен, Свонси и Лил.

ВИДЕО | Рома најде замена за Матиќ: Паредес се врати во Рим

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот