Официјално: Матеус Куња е новиот напаѓач на Вулверхемптон

фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Паузата во најдобрите европски лиги поради Светското првенство им послужи на клубовите да работат на засилувања, а сега го добивме и првиот официјален трансфер.

Матеус Куња (23) е првото засилување под раководство на Хулен Лопетеги, менаџерот на Вулверхемптон.

Бразилскиот напаѓач од 1 јануари 2023 година ќе настапува како позајмица во премиерлигашот од редовите на Атлетико Мадрид.

Договорот на Куња со Вулверхемптон ќе важи до јуни 2027 година. Доколку дојде до откуп на договорот „јорганџиите“ ќе добијат 50 милиони евра.

Куња кој игра на позицијата централен напаѓач, во дресот на Атлетико Мадрид не ги оправда во целост очекувањата иако за неговите услуги беа платени 30 милиони. Постигна само два голови сезонава, односно седум од доаѓањето во шпанската „Ла Лига“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот