Официјално: Маркус Тирам е нов фудбалер на Интер

фото: EPA-EFE/MARTIN MEISSNER

Интер го пречека Маркус Тирам кој во клубот од „Џузепе Меаца“ пристигна од Борусија Менхенгладбах.

Францускиот напаѓач беше донесен како слободен играч, а со миланските „нераѕури“ потпиша договор кој ќе трае до до јуни 2028 година.

Според италијанските медиуми Тирам во Интер ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона.

Иако пред само неколку дена се гледаше како засилување на Милан, градскиот ривал и актуелен вицешампион на Европа успеа да го ангажира Французинот.

Минатата година во дресот на Менхенгладбах, Тирам 16 пати ја тресеше противничката мрежа на 32 настапи во сите натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот