Официјално: Грем Потер е нов селектор на Шведска
Англискиот стратег Грем Потер не остана долго без ангажман по разделбата со Вест Хем – тој и официјално е именуван за нов селектор на шведската репрезентација.
Препорачано
50-годишниот тренер ќе го наследи Јон-Дал Томасон, кој беше отпуштен поради слаби резултати во квалификациите за Светското првенство. Шведска моментално е последна во својата група со само еден бод од четири натпревари, зад Словенија, Косово и Швајцарија.
Потер, познат по својата работа во Брајтон и кратката, но неуспешна епизода во Челси, ќе се обиде да ја врати репрезентацијата на „трите круни“ на победнички пат.
„Многу сум почестен и инспириран. Шведска има одлични фудбалери што играат во врвни лиги. Моја задача е да изградиме тим кој ќе донесе резултати и ќе ја однесе Шведска на Мундијалот“, изјави Потер.
И покрај лошите квалификации, Швеѓаните имаат втора шанса преку плејофот во Лигата на нации, бидејќи беа првопласирани во својата група во Б-дивизијата.
Потер доаѓа во репрезентацијата откако не ги исполни очекувањата во Вест Хем – во само 23 натпревари забележа 6 победи, 5 нерешени и 12 порази, а беше отпуштен на крајот на септември.
Преземено од: Спорт.ком


