Официјално: Феникс 2010 со нов договор за Бојан Трајковски

фото: BC Feniks 2010

Бојан Трајковски го продолжи договорот со кошаркарскиот клуб Феникс 2010 кој ќе трае до 2025 година.

Како што известуваат од клубот, лидерот на теренот и менторот на талентираните млади кошаркари, останува дел од „виолетово-жолтата“ фамилија и во следните две години.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, првпат го облече дресот на КК Феникс 2010 претходната сезона, а оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот, како главна алка за спој на рецептот на младост и искуство.

– А, резултатите сами говорат за себе. Боки диригира на паркетот, а иднината на македонската кошарка стекнува непроценливо искуство кое нема да биде прелеано само во клупските, туку наскоро и во репрезентативните бои. Затоа ни е чест и задоволство да објавиме продолжување на соработката со еден од најголемите и во следните две сезони – информираат од КК Феникс 2010.

Моментно во најдобрата кошаркарска лига на Македонија, Феникс 2010 е на четвртото место со 24 бодови, зад МЗТ Скопје Аеродром (28), Пелистер (27) и ТФТ Скопје (25).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот