Официјално: Антонио Конте е новиот менаџер на Тотенхем

Антонио Конте се согласи да биде нов менаџер на Тотенхем/Фото: EPA-EFE/SEAN DEMPSEY

Како што и се најавуваше во изминатиот период, тоа денеска доби потврда од клубот, Антонио Конте ќе седне на клупата на Тотенхем.

Италијанскиот тренер доаѓа како замена за Португалецот Нуно Еспирито Санто кој доби отказ по поразот од Манчестер јунајтед (0:3) во Премиер лигата.

Конте потпиша договор со премиерлигашот од Лондон до лето 2023 година со опција истиот да биде продолжен.

Претходно во Англија го водеше Челси со кој ја освои Премиер лигата во сезоната 2016/2017, а една година подоцна и трофејот во ФА купот.

Негов последен клуб беше Интер со кој лани беше шампион во Серија А, а во сезоната 2019/2020 беше финалист во Лига Европа.

– Исклучително сум среќен што се враќам на тренерската работа и што го правам тоа во клуб од Премиер лигата кој има амбиција повторно да биде протагонист. Тотенхем има најсовремени објекти и еден од најдобрите стадиони во светот. Едвај чекам да почнам да работам за да им ја пренесам на тимот и на навивачите страста, менталитетот и одлучноста кои отсекогаш ме разликувале, како играч и како тренер – рече Конте за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот