Одличниот настап на Димитријевиќ не беше доволен: ЦСКА води во финалето против Уникс

Ненад Димитријевиќ/фото: Александр Павлов (БК "Зенит")

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за Уникс Казан против најтрофејниот руски клуб ЦСКА Москва, сепак настапот на Димитријевиќ не беше доволен за Уникс да се радува на победа.

ЦСКА славеше во првиот натпревар и поведе со 1:0 во финалето од ВТБ лигата (96:95). Во исклучително драматичен финиш ЦСКА дојде до победата. На девет секунди пред крајот при резултат 95:92 судиите досудија неспортски прекршок од Димитријевиќ, а ЦСКА го искористи слободните фрлања.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 22 поени, шест асистенции три украдени топки и три скока со индекс 31 кој беше највисок на мечот. Во вториот меч Уникс ќе биде домаќин и пред својата публика ќе се обиде да дојде до изедначување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот